fbpx
28 C
Skopje

Стејт департментот да се изјасни за изјавата на Рорабашар, бара МНР

АКТУЕЛНО

Миниестерството за надворешни работи на Македонија, побара официјален став на американскиот Стејт департмент, по изјавата на републиканскиот конгресмен Дејна Рорабашар дека Македонија треба да биде поделена помеѓу соседните држави.

„Креирање на македонската држава и создавање на истата пропадна, па постојат услови таа да биде поделена помеѓу нејзините соседи, вклучувајќи ги овде пред се Косово и Бугарија“, истакна Рорабашар.

Тој додава и дека е дел од администрацијата на Трамп, односно дека може и делува за надворешната политика на САД.

„Конгресменот е член на Комисијата за надворешни работи и претседувач на Поткомисијата за европски прашања. Неговите мислења предизвикаа огромна загриженост за Македонија, но и целиот регион“, стои во текстот од МНР.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -