6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Стевчо со нова кривична – вели дека одлуката за општинската зграда се донела кога бил со СДСМ

Поранешниот градоначалник на Карпош  и претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски ќе одговара за бесправно градење на објект каде што е сместена општинската зграда на Карпош, бара Финансиската полиција.

Финансиската полиција преку соопштение пратено утрово велат дека до Јавното обвинителство поднеле кривична пријава под сомнение дека Јакимовски пред 6 години без одобрение за градба изградил две бараки каде што сега е сместена општинската администрација, а потоа истите ги легализирал.

Спротивно на законот, за сметка на општина Карпош изградил две бараки наменети за општинската администрација, а потоа поднел барање за легализација на истите кое лично го потпишал согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, бараките не можеле да бидат предмет на утврдување на правен статус од причина што истите се изградени по стапување на сила на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, се вели во соопштението од Финансиската полиција.

Стевчо Јакимовски во изјава дадена за Сител, вели дека станува збор за класичен политички реваншизам.

-Се работи за објект кој што е времен објект, за чија што изградба имаме одлука на совет. Објект кој што е започнат е започнат додека бевме заедно со СДСМ во 2012 година. Нивната намера да вршат притисок врз мене, врз мојата партија нема да им успее. Не со кривични пријави, со тенкови да одат кон мене на 30 септември не излегуваме на гласање. Ќе си правиме ајвар, а нивното отрезнување ќе дојде после 30 септември кога народот ќе им го каже тоа што има да им го каже, изјави Јакмовски.

Ова е втора кривична пријава од Финансиската полиција  во овој месец.

Извор: Курир

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави