fbpx
18.8 C
Skopje

Страшна несреќа во Македонија: Жена прегази дете на паркинг пред болница

АКТУЕЛНО

Во 09.30 часот вчера во двор на здравствена установа на улицата „Ико Заров“ во Неготино, 48-годишната В.Н. од Неготино, управувајќи патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 11-годишно девојче од Велес.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Општата болница Кавадарци било препратено во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -