fbpx
10.8 C
Skopje

Стратегија за решавање на проблемите на младите и жените во Делчево

АКТУЕЛНО

Жените и младите во Делчево ги обединува еден заеднички проблем, а тоа е невработеноста. Овој генерален проблем е детектиран од претставниците на сите локални чинители вклучени во изработката на стратегијата за жени и млади која Делчево ја работи во рамките на Македонската активна платформа за социјална инклузија, имплементирана од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи од Охрид и Македонското женско лоби.

Сузана Петровска, локален кородинатор на проектот истакна дека во текот на сите три работилници беа утврдени доминантните проблеми на ранливите категории граѓани млади и жени и предлог мерки за нивно надминување.

„Најприсутни проблеми на младите во Делчево се невработеноста, социјалната исклученост во процесот на одлучување, отстуство на младинско здружување и организирање, недостапност до формите на неформално образование“, потенцираше Петровска.

Таа додаде дека доминантен проблем за женската популација е и проблемот на социјални услуги.

„Овде ќе го споменам и отсуството на советовалиште за брак, едукативни центри, проблемот на социјална исклученост на жените посебно од руралните средини, жените Ромки и нивната невработеност, ниската свест и незантересираноста на жените за учество во креирањето на јавните политики и недоволно вреднување на жените кандидати за нивно активно вклучување во процесите на одлучување, псоебно од страна на политичките партии“, рече Петровска.

На последната трета работилница приуствуваше и Билјана Танеска од ИЕС-Охрид која истакна дека вакви стратегии се работат во 18 општини.

„Секоја општина во тој дел има своја специфика, но генерално, за младите најголем проблем е невработеноста која води кон иселување. Во различни општини има најразлични мерки кои се предлагаат за нивно решевање. Во однос на жените најчесто се споменуваат проблемите со жените жртви на семејно насилство, жените Ромки, самохраните родители, жените од руралните средини, но како послебна категорија се споменуваат лицата со посебни потреби“, рече Танеска.

Сите 18 стратегии наредниот месец ќе бидат претставени на национална конференција. Овие стратегии претставуваат основа за идното делување на локалните институции. Проектот е поддржан со финансиски средства од ЕУ преку ИПА програмата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -