4.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Маријана Петир: Страв ми е дека промената на името е само првиот чекор

Македонија веќе една година има нова Влада, која што пред изборите ветуваше многу, со слоганот живот за сите,, како на пример брза интеграција во ЕУ и НАТО, за на крај Македонија да добие само една условна препорака од ЕУ и исто само еден условен прием без датум во НАТО. Кој е вашиот став за ваквиот дебакл?

Новата Македонска влада си постави цел која што всушност  го имаше и секоја македонска влада до сега – отварање на преговори со ЕУ и влез во НАТО, но со една разлика – Имено оваа влада за разлика од предходните не бира средства да дојде до целта и спреман е дури да го стави во ризик губењето на нациналниот идентитет. Националниот идентиет нема цена, но за моменталната македонска влада тоа не е така, па затоа го стави идентиетот и самоопределувањето во еден бубањ за да на  својот „успех„ во надворешната политика  прикаже напредок во евроатланскиот интеграционен процес, без притоа  да добие некаква гаранција дека тој нпредок и навистина ќе се случи.

До сега најголемата препрека за влез на Македонија во ЕУ беше името и во тој правец владата на Македонија потпиша договор со кој се бриши Идентитетот и именката Македонски. Како вие го оценувате овој договор и дали постои таков пример во меѓународното право?

Името на државата е составен дел од идентитетот и сметам дека во разговорите за промена на името не смеело да се влезе а без претходно да се праша народот.
Дали сега ќе се праша народот за тоа што „мисли за договорот„ тешко е да се погоди, но јас се надевам дека Владата ќе осигура да се одржи еден фер и независен референдум кој пак на граѓаните од Македонија ќе им овозможи да се чуе нивниот глас.
Во поновата историја сме забележале дека имало промена на име на држава и тоа се такви кои самите сакале, но ниту една држава не го променила своето име само затоа што некој на таа држава извршил притисок. Мојот страв е дека промената на името е само првиот чекор во загубата на македонскиот идентитет и дека грчката страна ќе има нови побарувања, а тоа пак ќе предизвика трајни последици за македонскиот идентитет, македонската култура, традиција и македонскиот народ.

Македонската влада се пофали со планот 3-6-9, но во извештајот на Европската комисија јасно и конкретно е насочено дека се бараат реформи во повеќе области, како што е владеењето на правото и корупцијата. Што мислите вие, дали Македонија во оваа година направи некакви реформи а кои можеме ние обичните луѓе да ги забележиме?

Тоа е прашање на кое вие можете да одговорите подобро од мене бидејќи Македонците се тие кои што ги чувствуваат или не ги чувствуваат реформите. Но што се донесува до планот 3-6-9 тоа е амбициозен економски и инвестициски план и добро е ако неговата примена дала конкретни резултати, но тој не може да биде замена за евроатланските интеграции. Политичката криза со која Македонија беше соочена претходните години  а која беше директно предизвикана од актуелнава влада која не сакаше да ја прифати својата улога на опозиција во тоа време, имаше последици со стагнација на реформите и економскиот напредок, бидејќи Македонија пред кризата имаше стабилен раст на БДП и низок степен на инфлација.

Дали очекувате Македонија да добие датум за преговори во Јуни 2019 имајќи  во предвид дека следната година се избори во Европскиот парламент, дали е тоа реално и искрено?

Инсистирањето на промената на името би можело да предизвика нова политичка криза што повторно ќе ги забави реформите, и оттука прашањето дали ќе се постигне напредок воопшто. Ако на тоа ги додадеме и изборите во Европскиот парламент во мај 2019 прашање е дали можеме да бидеме претерано оптимисти? Се надевам дека оваа комисија ќе се обиде да ја оствари својата цел за отворање на преговорите за време на својот мандат, но рокот е краток, а предизвиците се многу.

Генералниот секретар на НАТО  Столтенберг деновиве рече дека Македонија може да влезе во НАТО само ако успее референдумот. Дали е тоа директен притисок на гласачите под мотото „ или променете го името или нема влез во ЕУ и НАТО, што мислите вие?

Самитот на НАТО кој на 11 и 12 Јули ќе се одржи во Брисел е првиот тест за договорот помеѓу Македонија и Грција. Морам да признам дека со нетрпение очекувам да видам што во тој контекст ќе стои во заклучоците на самитот. Дури тогаш ќе можеме да зборуваме дали станува збор за притисок врз граѓаните на Македонија, но притисок од страна на меѓународната заедница ЕУ и НАТО веќе постои, тоа е сигурно, инаку преговорите ќе беа веќе отворени додека пак спорните прашања би се решавале во текот на преговорите и Македонија денес ќе беше полноправна членка на НАТО а можеби и на ЕУ. Притисокот се создаде  и е константен од моментот кога Грција вложи вето, и никој не проба да направи нешто конструктивно за тоа да се промени.

Целиот напис прочитајте го на изворот – magazin.mk 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави