fbpx
2 C
Skopje

Струмица во шок и неверување: Прерано замина одбојкарот Стојчев

АКТУЕЛНО

Тажна вест за струмичката и македонската одбојка, но и спортот во нашата држава, кој се уште со неверување ја прими веста за одбојкарот Дени Стојчев.

Како што информираа од Одбојкарската федерација на Македонија, Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и член на помладите категории во репрезентацијата, ненадејно почина.

Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009 година.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас. Имаше 32 години.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -