fbpx
11 C
Skopje

Студентите по медицина бараат бесплатна вакцинација против Хепатитис Б

АКТУЕЛНО

Студентите по медицина се загрижени за својата безбедност. Тие секојдневно се во контакт со различни видови на инфективен материјал преку присуство на интервенции на пациенти чија историја е непозната. Ризикот за ова заболување е еднаков како за студентите, така и за останатите здравствени работници. Програмата за имунизација на населението јасно укажува на заложбите на Владата на РСМ како и на Министерството за здравство за бесплатно вакцинирање на студентите со оваа вакцина.

Група на студенти по медицина од Здружението на студенти по медицина – ЗСМ, побара итно решавање на бесплатна вакцинација против Хепатитис Б вирусот, а за истата цел, тие доставија барање и петиција до Министерството за здравство. На петицијата се потпишани 978 студенти, а исто така, поддршка дадоа и од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Македонија. 

Потпишувањето на студентите е направено доброволно, а иницијативата е поддржана од сите студентиски и факултетски организации на медицинскиот кампус во Скопје.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -