4 C
Skopje

Студентите задоволни споделија: Храната во домот пуштена на најјако

АКТУЕЛНО

Во последниот период во јавноста доста е актуелно прашањето за позицијата во која се наоѓаат студентите што живеат во студентските домови. Ова прашање први го отворија од МОФ, каде направија низа истражувања за тоа како живее идниот академски граѓанин.

На социјалните мрежи може да се забележи како студентите задоволни од исхраната, споделија фотографија и под истата порачаа: „Стив Наумов пуштен на најјако“.

Истата храна се служи во сите три домови кои се под ДСД-Скопје, Стив Наумов, Гоце Делчев и Кузман Јосифовски-Питу.

На социјалната мрежа Инстаграм повеќе студенти ја споделиле и фотографијата со денешниот ручек, при што постирале стикери со аплауз, што значи дека биле задоволни од промената и добрата исхрана.

Студентите порачуваат дека моментално се задоволни од исхраната, се надеваат дека по пофалбите, истото нема да запре, туку напротив нивото на исхрана се повеќе и повеќе ќе се подобрува.

Пред неколку денови токму на оваа тема дебатираа и директорот на Студентскиот државен дом – Скопје, Дарио Николовски и претставници од МОФ, при што сите заедно се согласија дека исхраната е можеби и најбитна гранка за студентите кои живеат во домовите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сведоштво: Ако ја знаете голготата на болните од корона ќе знаете зошто има толку многу починати

Ако воопшто сте се запрашале зошто имаме толку голем број на заболени, како и огромна смртност, доволно е само да прашате некој од пациентите...

Нови 640 случаи на Ковид-19, 2,634 тестирања се последните резултати во државата

Нови 640 случаи на заразени со коронавирусот 2 634 тестирања, 12 лица починати и 143 пациенти оздравени, е билансот од претходното деноноќие. Починатите 12...
- Advertisement -