fbpx
0 C
Skopje

Субвенции од 31 милион денари за домашна документарна и играна програма

АКТУЕЛНО

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Трговските радиодифузни друштва, националните телевизиски куќи и јавниот радиодифузен сервис за производство на домашна документарна програмата и домашна играна програма за 2017 година ќе добијат буџет од 31 милион денари.

Триесет и еден милион денари изнесуваат субвенциите за годинава од државата за продукција на домашна документарна и играна програма.

Одлуката за максималниот износ на надомест за покривање на трошоците за производство на домашна документарна програма и домашна играна програма ја донесе Владата на последната седница, информира денеска на прес-конференција заменик-министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски.

Државата исплаќа надомест за покривање 50 проценти од трошоците  при производство на документарна и играна програма на националните телевизии и јавниот радиодифузен сервис од 2014 година.

– Телевизиските радиодифузери при доставување предлог проект треба да ги имаат предвид одредбите од Уредбата за структура на трошоците, како и одлуката за максималниот износ на надоместот за покривање на трошоците во висина од 50 проценти при производство на домашна документарна и домашна играна програма. Работата е максимално транспарентна, објективна, без фаворизирање, а единствените  критериуми се почитување на професионалните стандарди и обезбедување комплетна документација која се бара за аплицирање со јавниот повик, рече Муцунски.

Како што појасни, предвидени се професионални стандарди коишто медиумите треба да ги исполнат за да може нивниот проект да биде одобрен. Стандардите опфаќаат сценарио за ТВ филм или за секоја епизода за ТВ серија, кратка содржина за документарна програма, технологија за продукција за домашна играна програма, рок и динамика за производство со назначување на локациите на снимање, предвидени ресурси за произвдоство, финансиска конструкција на проектот со детален приказ на трошоците…

За изборот на проектите кои ќе бидат субвенционирани одлучува меѓуресорска комисија во која членуваат стручни кадри од министерствата за култура, информатичко општество и администрација, и за финансии, агенциите за филм и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Управата за јавни приходи, Канцеларијата на претседателот на Владата на РМ.

Според заменик-министерот Муцунски, во изминатите две години македонските национални медиуми и јавниот сервис произвеле и квантитена и квалитетна сопствена програма, иако, како што потенцира, постоел извесен скептицизам кај одредени субјекти за успешноста на овој проект.

– Денешната програмска понуда е збогатена со разни видови програмски содржини од различни области, историја, култура, традиција, фолклор, детска програма, а посебно е карактеристично што значително заживеа и творештвото на играна програма. Сето ова ја раздвижи домашната продукција и дополнително се ангажираа разни профили на кадри од телевизискиот сервис, како што се продуценти, сценаристи, режисери, актери, тон мајстори, камермани, што не беше својствено во годините пред тоа, рече Муцунски.

Надоместот за покривање 50 проценти од трошоците при производство на документарна и играна програма на националните телевизии и јавниот радиодифузен сервис се утврдува согласно член 92 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски политики.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убави цифри: Koлky можете да заработите во Чвајцарија како фризер, столар, возач

Убави цифри: Колку можете да заработите во Швајцарија како фризер, столар, возач… Кантонот на Цирих неодамна објави водич за плата од кој може да се...

Мицкоски се огласи за тоа дали со сопругата имаат бугарски пасоши

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе...

Поучна приказна за Човекот, Бог и празниот куфер која ќе ви го смени животот

Си поминал некој човек. Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер. И Бог рекол: „Сине, време е...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Сабриоски до Маричиќ: Плачевте, кукавте, навидум се боревте за нели функционалност на државата се додека не стигнавте на кожната столица

Господине Бојан Маричиќ, министер за правда, не е мое да судам, ниту тоа ќе го направам - ќе ви пресуди перцепцијата на граѓаните за...
- Advertisement -