fbpx
20.8 C
Skopje

Судење против Богоевски: одбраната и тужителите со различни искази

АКТУЕЛНО

Денес во Основниот Суд 2 се одржа второто рочиште против Слободан Богоевски, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, против кого првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери поднесоа тужба за клевета.

Ахмети и Џафери ја поднесоа тужбата, затоа што сметаат дека Богоевски дали неточна изјава во неговото сведочење за слуајот „Маѓар телеком“ пред окружниот суд во Њујорк.

Според адвокатите на одбраната, оваа изјава е дадена надвор од границите на Република Македонија, поради што оваа тужба за клевета до Судот во Македонија воопшто не треба да биде разгледана, затоа што Судот во нашата држава нема право да одлучува за тоа.

Сепак, адвокатите на Ахмети и Џафери веруваат дека изјавата е дадена во адвокатска канцеларија во Скопје, поради што за сведоци ги имаат адвокатот, нотарот и преведувачот, кои биле присутни додека Богоевски ја дал изјавата.

Во судницата се појави Слободан Богоевски, додека уште еднаш ги немаше Муса Џафери и Али Ахмети. Следното рочиште е закажано дури за 7 мај.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -