fbpx
23.8 C
Skopje

СУДЕЊЕ ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Побарана конфискација на имотот на Груевски, Протоѓер и Димовски

АКТУЕЛНО

Како што информира ТВ21 Специјалното јавно обвинителство веднаш по докажувањето на доказите кои ги обезбедиле во крајно тешки услови ќе бараат осудителна пресуда за предметот – изборни нерегуларности, во кој како обвинети се водат екс премиерот Никола Груевски и неговите најблиски соработници меѓу кои и шефот на неговиот премиерски кабинет Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Билјана Бришковска, Илија Димовски и уште други шеснаесет лица кои според СЈО ги местеле изборите во 2011, 2013 и 2014 година.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова на денешното судење побарала и конфискација на имотот на Груевски, Протоѓер, Димовски и Леко Ристовски во вредност од околу 2 милиони евра наведувајќи дека со толку незаконски пари ја финансирале изборната кампања.

Како што известува ТВ21 СЈО ова ќе го докажува преку 200 сведоци, 5.900 материјални докази и над 1000 телефонски разговори.

 

Повеќе за ова ОВДЕ (ТВ21)

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -