6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

СУДИР НА АВТОБУС И ДВА АВТОМОБИЛИ: Има повредени повеќе од 20 луѓе

При судир на автобус и два автомобили денеска околу 16 часот, во Грделичка клисура во Србија, повредени се 21 лице, меѓу кои девет деца.

До несреќата дошло кога „ауди“ со германски таблички при претекнување на „шкода“ со српски таблички се судрил со автобусот кој доаѓал од спротивната насока, по што се одбил од автобусот и удрил во „шкодата“.

Автобусот, во кој имало и деца, по судирот се превртел во ендек.

Сите повредени се згрижени во здравствениот центар во Лесковац.

Сообраќајот сега е нормализиран.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -