fbpx
0 C
Skopje

Сугарески: Здравствената криза не влијае на завршувањето на капиталните инвестиции

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Сите проекти што ги почнавме во државата се реализираат и здравствената криза воопшто не влијае врз завршувањето на капиталните инвестиции. Посветени сме на реализација на капиталните проекти и моментно низ цела држава се одвива силна градежна офанзива, вклучително и во преспанско-пелагонискиот регион, оцени денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој изврши увид на градежните работи на свлечиштето близу преспанското село Штрбово, на местото викано Долги Рид кое се наоѓа на регионалниот пат Макази-Маркова Нога, како и на обиколницата кај Битола каде на државниот пат А3 се гради заштитна ограда.

-Се гради во пелагонискиот регион, ја завршивме реконструкцијата на патот од Тополчани до Прилеп, се гради патот од Кадино село до Галичани, наскоро ќе почне реконструкцијата на патот од Битола до Меџитлија, се обновува регионалниот пат Крушево-Слива-Пуста река и други капитални проекти коишто се одвиваат со одлична динамика, истакна Сугарески.

Потенцираше дека поставувањето на заштитната и високобезбедна ограда со звучна бариера на обиколницата кај Битола ќе ја намали бучавата и ќе ја зголеми безбедноста на населението. Со тековните градежни активности за санацијата на свлечиштето кај регионалниот пат Макази-Маркова Нога, посочи, проблемот ќе биде решен, а безбедноста на учесниците во сообраќајот и туристите голема. Овој пат води до граничниот премин Маркова Нога, а министерствата за надворешни работи интензивно разговараат за отворање на преминот, наведе Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов информираше дека заштитната ограда во должина од еден километар на обиколницата кај Битола е проект награден во Брисел како пример на звукозаштитна бариера изградена со еколошки материјали.

-Заштитната ограда е со висок коефициент на апсорпција на звукот, направени се од бетонска маса со гумено јадро. Овој концепт претставува економично и еколошко решение за заштита од бучава кое истовремено е едноставно за примена. Средишниот дел ќе биде изработен во различен колорит и на две нивоа, и тоа ќе биде прекрасен дел од овој дел на патот над Битола, истакна Китанов.

Значењето на реализацијата на инфраструктурните проекти во преспанско-пелагонискиот регион го истакнаа и градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и Емилија Костурски, заменик градоначалник на Битола.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дознај: Еве kои возила во Македонија се ослободени од плаќање на патарина

Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за јавни патишта. Во неколку членови на овој закон опфатен е...

Девојkата сакаше да направи видео за повеќе лајкови и мислиме дека ѝ успеа

Колегите од „Мотика.мк“ успеаа да не насмеат со ова видео. Како што пишуваат тие, Идејата е видеото да ја направи популарна, можеби не како што...

Фатен е жив: Мажот кој дупчи гуми по Водно е сниман на камера

Повеќе сопственици на патнички возила последниве два месеци пријавиле во полициската станица Центар дека кога ќе станат наутро - откриваат дека гумите на нивните...

Го вртеше моторчето, па кравите го нападнаа: Лудa снимка која ќе ве насмее

Во продолжение видеа што ќе ве насмеат На социјалните мрежи постојано можеме да најдеме видеа со забавна и интересна содржина која ќе не насмее. Ние...

Ново Тикток видео: На наплатната рампа Скопје – Гостивар вади легитимација и минува без проблем (Видео)

Објавувањето на Тикток видеа од ваков тип во последно време е актуелно во нашата држава, па оттука се поставува прашањето - што конкретно ќе...
- Advertisement -