fbpx
4.8 C
Skopje

Све е исто, само него го нема…

АКТУЕЛНО

Ако се секиравте како ќе заврши „шпанската“ серија со присуството на српскиот разузнавач на крвавиот настан во македонското собрание на 27 април, ве повикувам да не му ја мислите. Иванов и Вучиќ се договорија… Све је у реду. Службите нека му ја мислат. Во право е Мали Слоба, кога вели, дека нема место за паника… Во парламентот имало и други чпиуни, не бил само српскиот агент, па не се кренала толкава фама.

Идеолошките наследници на Јован Бабунски и Глигор Соколовиќ Љамев, можат да здивнат. Иванов и Вучиќ се здружија против претседателите на Албанија и Косово, Бујар Нишани и Хашим Тачи. Тие ширеле национализам, тие се мешале во внатрешните работи на други држави… Тие бе тие, Албанците, ние Македонците и Србите сме светци.

Симболиката е најважна во случајот. Србија и Македонија (земја со најмногу србомани на квадратен метар 🙂 ), се обединуваат против двете албански држави на Балканот. Штета што Бугарија не е дел од „Брдо-Бриони процесот“, инаку и на бугарскиот претседател, има што да му се каже :).

Македонците (како најдревен народ на Балканот) и Србите како „небески“ народ се здружија против заедничкиот „непријател“. Проблемов е таму што Скопје сè уште чека Белград да му ги одредува пријателите и што е најстрашно непријателите. Све е исто, само Маршалот го нема, ама неговите пулени сè тука. За жал.

Пишува: Батко Тане

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -