fbpx
15 C
Skopje

Светското првенство започнува и за Македонија: Полска да се заборави, нека ни се повтори Катар

АКТУЕЛНО

Македонската ракометна репрезентација, денес со почеток од 17:45, ќе го започне својот поход на Светското првенство во Франција, а на „мегдан“ ќе се соочат со проблематичниот Тунис.

Со огромни промени во составот, со нов селектор на клупата, нашите херои ќе одат по победата против тимот на Тунис, кој ни е голем должник од минатата година. Тунис ни беше пречката за да неможеме да го оствариме сонот и да се пласираме на Олимписките игри.

Токму поради тоа, нашата репрезентација сака одмазда, а желбата да се повтори успехот од мундијалот во Катар пред две години е огромна. Се наоѓаме во значително тешка група, во која покрај Тунис, се наоѓаат тимовите на Ангола, Шпанија, Словенија и Исланд.

“Тунис лани го уништи олимпискиот сон на Македонија. Свежи се спомените, но тоа треба да го ставиме во втор план бидејќи емоциите можат само да не уништат. Тунис е една одлична репрезентација, ги имаат Теж и Жалуз, знаат да играат и треба да сме фокусирани за да победиме”, изјави вчера селекторот на репрезентацијата, Лино Червар.

Судии на натпреварот против Тунис ќе бидат Корејците, Ко и Ли, а со победа вечерва, нашите ќе имаат значително полесна работа утре против аутсајдерот Ангола, но и со фаворитизираните Шпанија, Словенија и Исланд.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -