fbpx
16 C
Skopje

Свлечишта во Индонезија – 38 исчезнати

АКТУЕЛНО

Најмалку 27 луѓе се затрупани во лизгање на земјиште поттикнато од поројните дождови во областа Понорого, на островот Јава, соопштија во сабота наутро индонезиските власти.

Локалната полиција, повикувајќи се на сведоштва на селаните, објави дека исчезнале најмалку 38 луѓе, пренесува AP.

Според наводите на владината Агенција за ублажување на последиците од природни катастрофи, клизиштето прекрило околу 30 куќи и земјоделците кои во тој момент се наоѓале на нивите.

Спасувачките екипи трагаат по исчезнатите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -