fbpx
37.8 C
Skopje

Тачи: Ахмети се договорил со Алијансата да го поддржат Груевски – ова е единствената вистина!

АКТУЕЛНО

Лидерот на ДПА во оставка, Мендух Тачи на денешната средба со Хан рече дека присуствувал бидејќи го смета за свој пријател, но и да се изнајде излез од оваа криза. Тој додаде дека на албанците им треба вистински опозиционер како што е тој и неговата ДПА.

„Никогаш нема да бидеме во владина коалиција со ДУИ“, истакна Тачи.

Лидерот на ДПА кажа дека во минатото во Македонија се изнаслушал на секакви шпекулации, но вистината е само една, а таа е дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договорени.

„На 28 јануари попладне Ахмети се видел со претставници од Алијансата и се договориле да го поддржат Груевски за состав на Влада, ова се точните информации, другото е се шпекулација“, додаде Тачи.

Тачи рече дека е точно дека тој се слушнал со Ахмети на телефон, но во телефонскиот разговор тој му препорачал на својот колега од ДУИ да си поднесе оставка, поради како што вели тој, лошиот резултат на изборите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -