fbpx
27.8 C
Skopje

Тачи и Харадинај победници на изборите во Косово

АКТУЕЛНО

Коалицијата ПАН, составена од Демократската партија на Косово (ПДК) на Кадри Весели, чиј поранешен лидер е косовскиот претседател Хашим Тачи, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Иницијатвата за Косово на Фатмир Лимај. победи на вчерашните косовски предвремени паламентарни избори.

Како што јави дописникот на МИА, оваа изборна коалиција доби 34,6 отсто од гласовите, пред Движењето „Самоопределување“ со 26,2 проценти, додека коалицијата на Демократски сојуз на Косово (ЛДК) на премиерот Иса Мустафа и Алијансата за Ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли е трата со 25,8 отсто. Српската листа (СЛ) освои околу 4 проценти ос гласовите, додека сите останатите партии вкупно 9,5 отсто.

Лидерот на ПДК, Весели некаде пред полноќ прогласи победа на коалицијата ПАН, која на зборите настап под слоганот „Време е за нов почеток“, при тоа заблагодаруваќи им се на сите граѓани во земјата за учеството на изборите.

– Им благодарам на граѓаните на Косово, на нашата партија и коалиција и на сите меѓународни и домашни набљудувачи за успешните избори. Горд сум за денешната победа, напиша Весели на Твитер.

Врз основа на коалицискиот договорот, со победата на ПАН, мандатар за формирање нова влада на Косово ќе биде поранешниот премиер Рамуш Харадинај.

– Убедливо победивме и резултатот е доволен за формирање влада, изјави Харадинај за телевизијата Рокум.

Сепак за формирање валда на ПАН ќе и треба подршка и од друг политички субјект, бидејќи според првичните резултати коалицијата ќе има 47 до 48 пратеници во 120-члениот Парламент.

По затворањето на гласачкте кутии, косовскиот претседател Хашим Тачи им честиташе на граѓанте на Косово за тоа што се однесувале според највисоките демократски стандарди во текот на изборниот процес.

– Како претседател на Републиката очекувам победникот на изборите да формира проевропска влада и брзо да ги одреди проритетите, изјави Тачи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -