13.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Битола – жртва на „семејно насилство“

Пишува: Габриела Илиевска

 

…Еј, мори моме, како да речам,
За Солуна, за Стамбола,
Битола не давам…

Во времето на министерувањето на Нино ТодорОФ, најтешко од сѐ беше да се добие упат со приоритет. Човек требаше да умира за да стигни до него. Или пак, разбирливо, да има некој свој по роднинска или партиска линија.

Ех… ама мојата Битола немаше никој. Ни татко како што треба, ни деца…баш никој свој. Битола е жртва на “семејно насилство“: уништена од таткото кој сѐ прокоцкал а единственото нешто кое го направил за неа е што ја излагал и усрамил. Ѝ го зел духот, ѝ ги избркал половина од децата и од ден на ден сѐ повеќе ја ништи. Ја довел до фаза на клиничка смрт.

А таа, Битола, мома лична со убава коса (Пелистер) одамна ни “измиена” ни “исчешлана”. Нејзините нозе (сокаците) ишарени со лузни од “ќотекот“ на неодговорните деца и насилниот татко. Устата (Офицерски дом) некогаш полна со мерак песни, денес “сува“ и со искршени заби. Очите (воздухот) длабоки, темни и страшни, со заматен поглед од прашина и чад. Ѝ остана само витото тело (Широк Сокак) да потсетува оти некогаш и таа била преубава, сакана, почитувана и посакувана.

Битола не смее да ја има судбината на жртвите на Нино кои во опустошеното здравство добија “приоритетен упат“ за оној свет. Битола се чува и се гради со љубов, а за тоа не ни треба “мој термин“. Оти таа си е само наша, исто како што и ние сме само нејзини. За да ја издигнеме над амбисот не ни требаат ни милостина ни донации. Доволно е само “таткото“ да ги врати украдените и во бунар фрлени пари. Еден единствен “систематски преглед” на општинската каса ќе покаже оти подпелистерската убавица ја злоупотребил оној кој бил должен да ја чува и кој најмногу се колнел во неа.

Ама и покрај сѐ…Духот на градот на конзулите и клавирите никогаш не може да умре. Битола е понижена, но не и потчинета. Ранета, но не и убиена. Битола е заспана убавица, сираче без мајка и татко. На Битола ѝ треба помош. Ѝ треба нашата помош. Од битолчани.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави