7.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Таинствените „кодови“ за комуникација помеѓу кралицата Елизабета и нејзиниот персонал

Малкумина знаат за тоа дека кралицата Елизабета Втора има развиен посебен вид на комуникација со својот персонал. Таа преку гестови, успева да воспостави успешна комуникација со сите свои вработени.

Имено, кралицата Елизабета, својата чанта секогаш ја носи на својата лева рака. На многумина тоа ништо не им значи, но кога кралицата ќе ја смени чантата во својата десна рака тоа значи дека е уморна. Тогаш доаша некој од нејзиниот персонал, љубезно го прекинува разговорот со нејзинит соговорник со зборовите „Се извинивам, бискупот од Кентбери би сакал да се сретне со вас“.

Секако кралицата има и други вакви навики, со чија помош таа испраќа тајни пораки до нејзиниот персонал.

Оставање на чантата на земја

Кога чантата е оставена на земја, тоа е веќе знак дека воопшто не и се допаѓа разговорот и очекува некој од персоналот да дојде и да ја спаси од напорниот соговорник.

Оставање на чантата на маса

Кралицата Елизабета е многу приврзана до нејзината чанта, но монархијата не остава туку така своите чанти на рачката од столот или на земја како обичниот народ.

Кралицата има закачалка под масата на којашто ја закачува чантата за да ѝ биде секогаш при рака, дури и на формални вечери. Затоа забележете, доколку ја стави чантата на маса, тоа е знак дека таа сака да заврши со јадењето во следните 5 минути.

Вртење на бурмата

Доколку начекате ретка шанса кралицата да не ги носи своите нараквици, тогаш обрнете внимание што прави со нејзините раце.

Ако започне да ја врти бурмата, тоа е знак дека на кралицата ѝ е досадно и доколку некој од персоналот го забележи ова треба да се вметне во разговорот за таа да може да го напушти.

Изборот на облеката

Ова не важи само за персоналот. Според законот, монархијата треба да си ги задржи своите политички мислења за себе, но будните набљудувачи на кралицата забележале дека таа има суптилни навестувања во нејзината облека.

На пример, после гласањето за Брегзит, шапката којашто ја носела кралицата потсетувала на знамето на Европската Унија. Во последно време се шпекулира дека тоа што таа носи брош којшто ѝ го дал поранешниот американски претседател Барак Обама, значи дека не го одобрува претседателот Доналд Трамп.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави