fbpx
11.8 C
Skopje

Така се прави тоа: Рома покажа класа со објавата на Твитер по натпреварот

АКТУЕЛНО

Во чест на Мохамед Салах

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето на ЛШ иако вечерва беа поразени на Олимпико од Рома (4:2) во реваншот од полуфиналето.

Ливерпул стигнаа до финалето во најголемото фудбалско клупско натпреварување благодарејќи на победата од првиот натпревар со резултат од 5:2 кога блескаше довчерашниот играч Мохамед Салах. Египетскиот Меси синоќа се врати на Олимпико каде беше дочекан со аплауз од страна на навивачите, а Рома по натпреварот покажа класа откако на Твитер напиша статус во чест на Салах.

“Не боли нас што сонот на Рома на патот кон Киев е завршен, но ти ќе бидеш тамо во некои нови бои. Среќно во финалето од Лига на шампиони, Мо Салах!“, порачаа од римскиот клуб.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -