fbpx
5 C
Skopje

Талат Џафери се сретна со амбасадорот на Израел во Македонија

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со г. Дан Ориан, амбасадор на Државата Израел во Република Македонија, кој заедно со група од 90 стопанственици од Израел учествува на Конференцијата „Македонија 2025“, каде свое посебно излагање ќе има најдобрата жена иноватор од Израел, Дана Габиш.

На почетокот на средбата, амбасадорот го истакна потенцијалот на соработката меѓу двете пријателски држави, Република Македонија и Државата Израел, при што информираше за очекувањата на претседателот на Кнесетот за продлабочување на соработката меѓу двата Парламента. Оваа соработка може да го надмине вообичаениот формат на парламентарната соработка и да стави акцент на јакнење на економската дипломатија, одржливоста, јакнење на владеењето на правото, области за кои Кнесетот има огромно искуство кои би можело на партнерска основа да ги сподели со нашето Собрание.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Џафери, изрази задоволство од средбата и истакна дека и како поранешен министер за одбрана посветувал големо внимание на соработката со Израел, на полето на одбраната и на отворањето на пилотскиот центар и модернизацијата на леталата. Притоа, ја потенцираше отвореноста и подготвеноста на Собранието на Република Македонија за парламентарна соработка во сите аспекти и нивоа, бидејќи парламентарната дипломатија многупати досега покажа дека е без стеги и формални ограничувања, со што го трасира патот на полесно воспоставување на меѓусебна комуникација. Во однос на депортацијата на Евреите, г. Џафери укажа дека Република Македонија преку отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје, ја покажа и потврди својата безрезервна почит кон жртвите од тој терор.

Амбасадорот Ориан информираше за подготовките за одбележување на два значајни јубилеи во 2018 година – 70 години од постоењето на Државата Израел и 75 години од протерувањето на Евреите од Република Македонија во логорот Треблинка. Комеморацијата ќе биде одбележена со специјална изложба во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје, а другите настани ќе бидат под мотото „Марш за живите“ 11 март 2018 г. во Битола, преку марш од 2 км., на кој ќе учествуваат граѓани, претставници на цивилното општество, пратеници, министри, политичари од Израел и Македонија, со што ќе се оддаде почит на настраданите 7.144 Евреи. Упати посебна покана за учество на маршот на претседателот на Собранието, кој со задоволство ја прифати и даде своја лична и поддршка во името на Собранието на Република Македонија на целиот проект.

Господинот Џафери предложи некои од предвидените настани да се реализираат и во Собранието на Република Македонија – пригодна изложба и запознавање на групата ученици од Израел со Собранието на Република Македонија и пригодна дискусија со претседателот на Собранието, проекција на специјални тематски филмови преку директен пренос на Собранискиот канал, како би можеле да бидат видени од сите граѓани на Република Македонија, и истите да се одржат на 27 јануари – Меѓународниот ден на Холокаустот. Со тоа, Собранието на Република Македонија ќе ја покаже својата почит кон Државата Израел, кон жртвите на Холокаустот и својот правилен и правичен однос кон историските процеси.

Во контекст на подигнување на нивото на меѓусебните односи, г. Џафери истакна дека оваа Комеморација може да биде искористена и за возвратна посета на Република Македонија на претседателот на Кнесетот, како и на Групата за соработка, со што ќе се даде силна порака и печат на високиот степен на меѓусебната соработка. Соговорниците споделија заемни уверувања за натамошна конструктивна и интезивна соработка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пронашол изгубен новчаник, подоцна добил писмо кое го расплакало

Се враќал од продавница, кога на паркингот до автомобилот забележал туѓ новчаник. Веднаш покажал дека е добар човек, со потегот кој го направил. Џастин Тарел...

Авиooн се срyшил, загинале 520 луѓе, а 35 години подоцна се појавил пак на радарите

Јапонски патнични авион со број JL123 на Japan Airlines се срушил на 12 август 1985 година. И до ден денес според статистиката тој е...

Една од последиците на коронавирусот е опаѓање на косата

Голем број луѓе со коронавирус по закрепнувањето пријавија проблем со опаѓање на косата, а некои познати личности решија да го споделат со јавноста. Една од...

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...
- Advertisement -