fbpx
6.8 C
Skopje

Тамара сподели фотографија со Влатко Илиевски и напиша емотивна порака (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Факт е дека познатата пејачка Тамара Тодевска му беше една од најблиските другарки и колешки на прерано починатиот пејач Влатко Илиевски. Нивната дружба започнала уште од средношколските денови, а многупати и во изјави за медиуми двајцата си делеа пофални зборови еден за друг.

А, дека Тамара не го заборавила Влатко, говори и тоа што таа на својот профил на Инстаграм објави заедничка фотка со него, на која испиша и многу емотивна порака.

Пораката е на англиски јазик, но ќе ви ја преведеме во целост:

– Ти благодарам за сите убави сеќавања кои ги држам драго во моето срце и како што поминува времето ќе се создаваат нови, но старите нема никогаш да ме напуштат – стои во пораката.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -