18 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тасев: Нашата влада е мераклија за правење селфиња, па можеше премиерот и министрите да се сликаат и да изразат поддршка за нашите стратешки партнери

Човечки е, партнерски е да се реагира и да се понуди помош во една ваква ситуација. Околу смирувањето на односите во Блискиот Исток, меѓу Америка и Иран, не верувам дека таму ќе има смирување. Таму злото е посеано, тие порано беа соработници, заедно се развиваа и помагаа, но по нападот на америчката амбасада во Техеран, не може да има помирување. Народот во Иран не може да смисли соработка со американците. Секогаш ќе има разговори, можеби и преговори, но никогаш нема да има соработка каква што имале порано, вели комуникологот Никола Тасев во гостувањето на ТВ24 за последните случувања на Блискиот Исток.

Нашата влада е мераклија за правење селфиња, па можеше премиерот и министрите да се сликаат и да изразат поддршка кон нашите стратешки партнери, додаде тој во однос на прашањето дали државата требало да реагира и официјално по повод тие настани.

Запрашан за тоа дали е можно да се промени курсот на државата доколку ВМРО-ДПМНЕ состави Влада, Тасев вели:

Доколку ВМРО-ДПМНЕ состави Влада, нема сила која ќе го запре тоа. Тој курс е зацртан од осамостојувањето на Македонија. Не само ВМРО-ДПМНЕ, туку било кој да дојде на власт ќе го задржи тој курс. Колку и да сака некој тоа да го промени не може. Местото на Македонија е во западните земји. Е сега проблемот е колку западните земји не сакаат нас. Битно е да се избориме да го добиеме датумот за преговори и да станеме полноправен член на ЕУ. НАТО е завршена приказна. Нема луксуз тука било која партија да мрда лево или десно. Правецот е тој, ЕУ и НАТО.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.