fbpx
6.8 C
Skopje

Тажна вест: Почина сопственикот на автопревознаta koмпанија. ,,Галеб” – Охрид

АКТУЕЛНО

Од последици предизвикани од коронавирусот синоќа во Охрид, во 73-та година од животот, почина Љубен Василески – Саричко. Тој беше истакнат стопанственик, општественик и спортски работник.

Василески, е роден во Охрид на 18.08.1948 година. Основно и средно образование, завршил во родниот град, а дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје. Од 1984 година е вработен во „Галеб“, а од 1999 година, па се до неговата смрт, беше на чело на оваа автопревозна компанија.

Неговите посмртни останки ќе бидат погребани утре, вторник, на Градските гробишта во Охрид, во кругот на семејство.
Извор: охрид24

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -