17 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тажна вест: Скопјанецот М.Г. загина во бездна на Олимп

Искачувањето на највисоката планина во Грција – Олимп било фатално за македонски планинар. Тој со група од десетина планинари тргнал да го искачува врвот, кога според грчките медиуми, ненадејно доживеал срцев удар и паднал во бездна, информира Канал5 телевизија.

Трагедијата ја потврдија и од македонското МНР, од каде велат дека станува збор за 57 годишно лице од Скопје со иницијали М.Г. Од таму велат и дека според нивните првични сознанија, по сведочењето на очевидци, несреќата се случила на 100 метри пред планинарскиот дом Спилиос Агапитас.

Во извлекувањето на планинарот биле ангажирани 14 пожарникари и припадници на специјалната единица за несреќи кои биле мобилизирани да го извлечат планинарот, но единствено констатирале смрт.

,,Интервенираа 14 пожарникари кои веднаш беа мобилизирани, како и припадници на специјалната спасувачка единица од Литохоро, но не успеаа да го спасат планинарот.

Не е познато дали несреќниот планинар бил почетник или искусен планинар, член на планинарско друштво.

Грчките медиуми споделија и слика на која е посочено местото каде се случила несреќата, сепак, вистинската причина за смртта на македонскиот планинар, треба да ја даде обдукцијата, која дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

Извор: Канал5

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Страшна вест од Кочани: Едно лице ја загуби битката со корона вирусот

Едно лице од Кочани, ја загуби битката со корона вирусот, потврдуваат за „Слободен Печат“ официјални избори од Општина Кочани односно градоначалникот Николчо Илијев. Веста ја...

Во соседството за карантин се користат мигрантски центри и шатори, во Македонија хотели и пансиони

Освен што се пред сериозен предизвик да го обезбедат јавното здравје дома, државите во оваа светска пандемија на коронавирусот се исправени и со извелкување...

Ако не се реагира на време, Кочани може да биде ново Куманово – истокот пред сериозен тест

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.