fbpx
11 C
Skopje

Те чекам

АКТУЕЛНО

Си го отворам градниот кош,
овенати рози и безброј честички прашина,
по патот одрони од нашите траги во времето,
повторно сме на истата раскрсница,
ме гледаш со облаци од прашалници во очите,
ти бегаат низ течната форма на солзите.
Не знам ти велам,
не постои вистинска одлука,
секоја е погрешена и правилна на свој начин.
Посакуваш да молчам,
претопло е,
те заморува недостатокот на влага во воздухот,
виталните знаци ти опаѓаат,
ми ги стискаш прстите,
со ноктите ми ја дразниш кожата,
не враќај го, бегај, заминувај,
на сигурно е, оди сега, те сакам, бегај.
Се свестувам,
празна е мојата егзистенција,
твојот мирис ми се исцедил од сеќавањата,
ја чувствувам само таа тешка леснина во градите,
и вишокот на самодоверба дека го држам светов в џеб.
Си го отворам градниот кош,
овенати рози и безброј честички прашина,
и нашите срца кои гушнати спијат.
Шшшт,
мапата е за оние кои не го знаат патот,
а мене ми се чини нашиот ќе биде секогаш кај што го остави,
кај што ќе може да си го вратиш срцето,
а до тогаш ќе те крепам
низ твоите безвременски дупки во зрелоста.
Те чекам, не цимоли,
љубовта никогаш не била себична.

Автор: Николинка Митрева

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -