fbpx
3 C
Skopje

Телеграма со сочуство од Заев до семејството на доајенката на македонската етно музика, Вања Лазарова

АКТУЕЛНО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на доајенката на македонската етно музика, Вања Лазарова.

„Од мое лично име и од име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упатувам искрено сочувство до вашето семејство како и до роднините, пријателите и колегите на доајенката на македонската етно музика, Вања Лазарова. Нејзиното маркантно творештво и големиот придонес кон промоција на македонската песна, етно музика и култура ќе останат врежани како неизбршлив траг во поновата историја на Македонија. Делото на Лазарова не обврзува сите како граѓани на Р.Македонија кои искрено си ја сакаме и почитуваме земјата да продолжиме заедно да ја негуваме, почитуваме и промовираме нашата заедничка култура и традиција на начин на кој тоа го правеше почитуваната Вања“ напиша во телеграмата претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -