fbpx
21.8 C
Skopje

Тереза Меј ќе се сретне со Јункер и со преговарачот за Brexit Барние

АКТУЕЛНО

Британскиот премиер Тереза ​​Меј ќе одржи прва значајна средба со европските лидери, откако најави вонредни општи избори, за да ја зајакне својата позиција во преговорите за Брекзит. Тереза ​​Меј ќе се сретне на Даунинг стрит со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и главниот преговарач за Брекзит Мишел Барние.
Барањето на Брисел Велбикобритания да плати 50 милијарди фунти за „разделбата“ и заканата на Шпанија да стави вето за иднината на Гибралтар ќе доминираат во разговорите, за кои се очекува да бидат напнати.
Тереза ​​Меј ќе се сретне со двајцата политичари за време на нивната кратка посета на Лондон, а на агендата не се поставени други прашања освен Брекзит. Тереза ​​Меј веќе неколку пати имаше судири со Жан-Клод Јункер, но за прв пат ќе се сретне и со Мишел Барние, кој беше наречен од „Дејли телеграф“, „најопасниот човек во Европа“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -