Британската влада се надева дека преговорите за Brexit ќе бидат успешни, но е подготвена за сценарио во кое тие можат и да пропаднат, рече премиерот Тереза Мај на годишната конференција на Конзервативната партија.
„Мислам дека е во наш интерес преговорите да успеат, но знам дека треба да се подготвени и за негативен излез. Нашата одговорност е да ја предвидиме секоја можност“, рече таа.
„Можам да кажам дека ги разбирам граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија и кои се чувствуваат „збунети и нервозни“. Ние го цениме вашиот придонес во нашата земја, вие сте добредојдени овде и ги повикувам преговарачките тимови да постигнат брз договор, бидејќи сакаме да останете“, додаде Меј.
Официјалните разговори меѓу Лондон и Брисел за условите за излез од Велика Британија од ЕУ започнаа во јуни, при што секој круг на преговорите продолжува по неколку дена секој месец. Консултациите треба да продолжат до 2018 година, по што членките на ЕУ ќе имаат половина година да ги ратификуваат досегашните договори во нивните национални парламенти.