fbpx
9 C
Skopje

Тереза Меј со обраќање до британската јавност

АКТУЕЛНО

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...

Премиерката на Велика Британија, Терезе Меј, денеска имаше свое обраќање, кое наиде на остри критики од опозицијата во Велика Британија.

Таа во денешното обраќање до јавноста изјави дека Велика Британија не може да остане дел од единствениот европски пазар бидејќи тоа би значело дека воопшто не ја напуштила Европската Унија. Во својот говор, Меј потенцираше дека Британија ќе создаде ново и еднакво партнерство со Европската Унија, но дека нема намера да усвои модел на партнерство со ЕУ како што имаат Швајцарија или Норвешка.

„Делумно членство во Европската Унија, асоцијативно членство, или што било друго што ќе нѐ остави половина внатре а половина надвор, е неприфатливо за Велика Британија. Не се обидуваме да усвоиме модел кој го користат некои земји. Не сакаме да задржиме делчиња од членството при заминувањето. Сакаме да ги купуваме вашите производи, да ви ги продаваме нашите, да тргуваме со вас колку што е можно послободно, и да соработуваме во интерес на побезбедна, посигурна и просперитетна иднина преку континуирано пријателство“, порача Меј денеска од Ланкастер хаус.

Премиерката на Велика Британија најави 12 приоритети во преговорите за излез на Британија од европскиот блок.

Претседателот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, истакна дека обраќањето на Меј упатува на тоа дека Велика Британија во преговорите за излегување од Европската Унија ќе настојува да седи на два стола.

„Таа рече дека Велика Британија сака да го напушти единствениот европски пазар, а истовремено дека сака да има и пристап до него. Не сум сигурен како ќе биде прифатено тоа од страна на ЕУ“, изјави Корбин.

Британската премиерка претходно изјави дека најдоцна до март оваа година ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, но денеска нагласи дека во наредните две години очекува да биде постигнат договорот со ЕУ за излез од европскиот блок и дека целокупниот процес ќе се одвива во неколку фази.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Tвитер koментар: Кога ќе му кренеш на Мишко на фиксен, првото прашање му е дома си?

Вчера во медиумите одекна веста дека поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, по кого беше распишана меѓународна потерница, сам се појави во Обвинителството...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...
- Advertisement -