fbpx
15 C
Skopje

Терористички напад во Манчестер

АКТУЕЛНО

Британската полиција соопшти дека најмалку 19 луѓе биле убиени, а околу 50 ранети во експлозија пред арената во Манчестер. Властите настанот го третираат како „терористички инцидент“. Сведоци изјавија дека слушнале голема експлозија околу 21 и 45 часот по локално време во момент кога луѓето излегувале од Манчестер Арена каде што американската поп пејачка Ариана Гранде имала концерт. Светските медиуми јавуваат според експертите првичните сигнали упатуваат на бомбаш самоубиец. Оваа информација не е потврдена од британските власти. Доколку се потврди дека станува збор за тероризам тоа ќе биде најсмртоносниот напад во Британија од 2005 година кога четворица британски муслимани убија 52 луѓе во самоубиствени напади во метрото во Лондон.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -