fbpx
22.8 C
Skopje

Тешка сообраќајка во Скопје – три лица со тешки повреди однесени итно во болница

АКТУЕЛНО

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 18:30 часот на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ .

Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 69-годишниот Г.Г. од Скопје, и патничко моторно возило „Мазда 323“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 51-годишниот Т.Ц. од Скопје.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош сопатничката од возилото 65-годишната Ј.Г.од Скопје била пренесена во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Возачот Г.Г. и сопатничката од другото возило Л.Ц.(48) се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -