Дерби помеѓу Шкендија и Вардар не може да помине без тензии, така беше и овојпат од реванш натпреварот од осминафиналето во Купот на Македонија, каде Шкендија во Тетово победи со 1:0 и со вкупни 3:2 се пласираше понатаму.
Од целата ситуација, иако важи за крајно воздржлив и смирен, реагираше и тренерот на Вардар, Александар Васоски или популарен како Тетовче.
-Ова ли е Европска Шкендија??? Ова е срам за македонскиот фудбал, на 5 опасни ситуации кога одиме во напад се слуша свирче од трибина, нашите застануваат мислејќи дека е офсајд. Гачевски „торпедиран со камења“, второто полувреме се играше со една топка цел натпревар.
-Го враќате фудбалот назад со децении, секогаш во Скопје сте дочекани коректно, влакно од глава не ви фали. Срамно и жално,- напиша Васоски.