fbpx
4 C
Skopje

Тевдовски: Се очекува раст по враќањето на довербата во македонската економија

АКТУЕЛНО

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...

Економскиот раст во Република Македонија, следната година може да биде повисок од 3%, откако со формирање на владата на премиерот Зоран Заев пред четири месеци се заврши двегодишната политичка криза што ги забавуваше инвестициите.

Растот на бруто домашниот производ во 2018 ќе се зголеми од проценетите 2,2% за оваа година (најнизок економски резултат последниве пет години), придвижен од приватната потрошувачка и извоз, истакна 38-годишниот министер за финансии на Република Македонија, Драган Тевдовски, во одговор на прашања на Блумберг. Владата планира да го намали буџетскиот дефицит за 2018 година под 2,9% од БДП, колку што изнесуваше оваа година, и постои можност да издаде меѓународна обврзница на глобалниот пазар, рече тој.

„Со завршување на политичката криза, веќе гледаме одредено зголемување на економската активност“, рече Тевдовски, која ќе се интензивира следната година. „Одлучни сме дефицитот следната година да биде незначително помал од оваа година, во согласност со нашата намера за постепена фискална консолидација. Што се однесува до 2018 година, издавање меѓународна обврзница е исто така опција, имајќи ги предвид поволните услови на меѓународниот пазар.“

Заев формираше коалициона влада во јуни, со што се случи првата промена на владата по повеќе од една декада, која ветува заживување на напорите на земјата за прием во Европската Унија и во НАТО, откако скандалот со прислушувањето во 2015 година ја симна претходната влада. Според Заводот за статистика, економската активност се намали за 1,8% во вториот тромесечје во споредба со истиот квартал претходната година, по период на стагнација од три месеци.

„Постигнавме значителен напредок во смисла на политичката стабилност“, рече Тевдовски, поранешен универзитетски професор. „Исто така, остварено е завидно подобрување кај социјалната кохезија и меѓуетничките односи.“ Коалицијата на Заев – со две политички партии што ги застапуваат етничките Албанци – ја потврди својата власт по локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври 2017 година. Социјалдемократите победија во 54 од 81 општина во земјата, вклучувајќи го и главниот град Скопје, пред вториот круг што ќе се одржи за две недели. Најголемиот предизвик за балканската земја со 2 милиона жители „е успешното спроведување сеопфатни реформи“, вклучувајќи борба против корупцијата и подобрување на владеењето на правото според стандардите на ЕУ, рече Тевдовски. Владата планира да ја промени својата политика „кон спроведување поголема социјална правда“ и ќе го замени постојниот рамен данок од 10% за персонален данок на доход и данок на доход на претпријатија со прогресивна стапка, рече Тевдовски, без да посочи временска рамка за оваа даночна промена. Тој смета дека стапката на инфлација следната година ќе биде 1,7%, со што ќе се зголеми од 1% колку што изнесуваше во 2017 година. Приносот од обврзниците деноминирани во евро валута, кои доспеваат во јули 2023 година, се намали за 2 базни поена на најниски 3,2 проценти досега.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Автомобил возеше во спротивна насока на скопска обиколница

Често на социјалните мрежи може да се видат видеа од дивеење со автомобили или мотори, а едно такво беше објавено и денеска. На социјалните мрежи...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...
- Advertisement -