fbpx
20.8 C
Skopje

Тевез го посочи играчот кој ќе го одбележи СП: Има голем гнев во него, иако тоа не го покажува…

АКТУЕЛНО

Ветеранот Карлос Тевез даде своја прогноза за тоа кој играч ќе го одбележи Светското првенство кое официјално вчера стартуваше во Русија.

Напаѓачот на Бока Јуниорс верува оти еден играч ќе се издвои над сите и ќе ги засени останатите или поточно прстот го впери кон неговиот сонародник и капитен на Аргентина, Лионел Меси.

-Сигурен сум е СП кое ќе го одбележи Меси. Тој има голем гнев во неговото тело, иако тоа не го покажува. Не мислам дека ова ќе биде неговиот последен турнир, но очекувам одличен мундијал. Аргентина е една од фаворитите. Само Германија и Бразил се на наше ниво, -порача Тевез за „Кориере Дела Сера“.

„Гаучосите“ ќе го започнат мундијалот со средба против Исланд која е на програмата во текот на утрешниот ден.

 

 

Извор: Derbi.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -