fbpx
-3 C
Skopje

The Guardian: Токсичниот „подарок“ од Велика Британија ги труе Македонците

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...
Британската влада го доделила инсинераторот како хуманитарна помош и тој, според сторијата, се наоѓа во близина на главниот град Скопје. Текстот напишан уште пред 16 години почна масовно да се споделува денеска на социјалните мрежи кај домашните корисници и повторно предизвика реакции на загриженост за високото ниво на загадување на воздухот.

Уште пред нешто повеќе од 16 години, реномираниот весник The Guardian пласираше текст со предупредувачко-алармантен наслов „Велика Британија со токсичен подарок за Балканот“.

Според овој напис кој The Guardian го објави во 2001 година, инсинераторот што како подарок бил доделен на Македонија од страна на британската влада за горење медицински отпад, ги прекршува стандардите на Европската Унија и би бил нелегален во Британија. Инсинераторот што се користи во склоп на депонијата „Дрисла“ е донација од британската влада, потврдија од Министерството за животна средина и Градот Скопје, пренесува „Макфакс“.

ФОТО

Британската влада го доделила инсинераторот како хуманитарна помош и тој, според сторијата, се наоѓа во близина на главниот град Скопје. Текстот напишан уште пред 16 години почна масовно да се споделува денеска на социјалните мрежи кај домашните корисници и повторно предизвика реакции на загриженост за високото ниво на загадување на воздухот.

„Доколку земјата се приклучи на ЕУ, како што се надева, инсинераторот би морал да се затвори бидејќи е опасност за мештаните и ги прекршува стандардите на ЕУ. Инсинераторот е еден од неколкуте обезбедени за Балканот од страна на Светската здравствена организација (СЗО), од кои ниеден не ги задоволува стандардите на ЕУ“, пишува The Guardian.

Адам Островски, експерт за управување со токсичен отпад ангажиран за Базелската конвенција, кој ја регулира меѓународната трговија со опасен отпад и потпишан од Велика Британија, вели „дека тоа е едно од најлошите парчиња нечист технолошки дампинг за кој е сведок во Источна Европа“.

Островски вели дека основната опрема е функционална, но недостига важен прилог за одржување на рамномерни температури или есенцијална опрема за чистење на отпадните гасови и за отстранување на токсините кои можат да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.

-Јас сум изненаден што британската влада се обврза на таква практика, рекол тој.

-„Оваа технологија е забранета во Западна Европа, едноставно не е во ред да им ја даваме на Македонците, знаејќи дека ќе има токсични емисии и треба да се укине кога ќе влезат во ЕУ“.

Филип Рушбрук од Светската здравствена организација вели дека бил против опремата, но рекол: „Ова горење е многу подобро од алтернативата горење отпад во големи метални кутии кои произведуваат далеку полоши димни гасови и можни болести“.

Рушбрук признава дека печката за горење на отпад ги прекршила одредбите на ЕУ, но додал: „Можеби не сме успеале да најдеме пари за горење со напредна технологија. Ако го направивме тоа, Македонците можеби ќе немаа пари или експертиза за да управуваат со него.“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Доктор појаснува: Еве кога и како може да се заразите со Ковид-19 носејќи заштитна маска

„Колку почесто излегувате надвор и повеќе време поминувате во гужва, почесто треба да ја перете вашата заштитна маска или пак едноставно да ја фрлите...

Николов: Предвидуваме изградба на конзоли за пешаци на река Отиња.

За три години, локалната самоуправа предводена од СДСМ реализираше бројни капитални проекти, важни за унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.Штип мора да...

Богојески распали по Груевски: Завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање

Оваа завалијава никаде го нема да гукни за бугарското прашање... за стопирање на македонската интеграција во ЕУ... Но штом го чепнаа кај што го...

Венко Филипче со важна информација: Добивме 13.500 брзи тестови од Норвешка

Денеска добивме донација од 13500 брзи тестови од Норвешка, а 10000 од нив ќе бидат за Министерството за здравство. Оваа помош произлезе од потпишаниот...

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...
- Advertisement -