fbpx
-4 C
Skopje

Тие ја метат некултурата: Сега чистиме помалку ѓубре по улиците, ама пушачите тераат по старо

АКТУЕЛНО

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

Вирусот не потсети дека хигиената е многу важна. Дали потсетувањето се гледа по улиците на Скопје? Ова Скопско Ехо ги праша најкомпетентните – комуналните чистачи во Центар.

Текстот на Скопско Ехо во продолжение:

Во изминатиов месец како да дојде до одредена промена на подобро, ни рекоа комуналните чистачи кои ги сретнавме на просторот околу Зелено пазарче во самиот центар на Скопје.

Десетина од нив се ангажирани преку општина Центар, секојдневно да го чистаат целиот простор од зградата на Министерството за правда па се до крстосницата кај Тутунски комбинат. Голем простор кој сме биле сведоци дека е на удар на несовесните граѓани кои фрлаа отпадоци насекаде – на тревници, тротоари, автобуски постојки…

-Има промена во однесувањето на граѓаните. Тоа го забележувам и јас и сите чистачи кои што работиме на ова подрачје. Има помалку отпадоци, помалку лименки, пластични шишиња, кеси… се она што досега редовно сме го наоѓале. Луѓето како да го сменија однесувањето, ни вели Аќиф Осман кој е на чело на оваа екипа на комунални чистачи.

Секојдневната работа им почнува наутро со празнење на корпи и со собирање на отпадоците кои останале од претходната ноќ. Секој чистач има задолжение за одреден простор. Аќиф ни вели дека помало количество на отпадоци не се должи толку на воведениот полициски час и ограничувањата, тој гледа дека граѓаните станале посвесни.

-Има помало движење на граѓани, но сепак луѓето се движат, одат по продавници, пазаруваат… Еве, тука околу Зелено пазарче, каде доаѓаат многумина граѓани, се гледа дека подобра е хигиената. Порано. Ќе седнеа некои тука, ќе јадеа и ќе оставеа зад себе мрсни хартии и кеси. Сега поретко имаме такви отпадоци, наведува Аќиф.

Сепак, вели, дека потребно е ваков однос уште повеќе да се подобри. Другите негови колеги ни рекоа дека меѓу најголемите загадувачи на околината остануваа пушачите кои насекаде фрлаат пикавци по градот наместо во канти.

-Ваква промена на односот кај граѓаните треба и да се задржи и да се подобри уште повеќе. Кризата ќе помине еден ден, но навиката да не се фрлаат отпадоци и да се чисти редовно и темелно, треба да ни остане кај сите, потенцира чистачите од Центар.

Чистачите нема време за повеќе разговор, велат, теренот е голем.

А дека имаат многу работа видовме на самото место, сепак имаше расфрланo ѓубре, имаше дури и фрлани ракавици буквално по улицата.

Извор: Скопско Ехо

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Со крстот в рака, фаќачот влезе во Охридското Езеро заедно со голем број верници

Крстот во населбата Варош се фрлаше во казан, а него го фати Никола Чорбе. Тој потоа со крстот во раката влезе во езеротo, а...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Штотуkу споделија медиумите: Најнова вест СИЛЕН земјотрес од 6,8 степени според Рихтер ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди провинцијата Сан Хуан во Аргентина, соопшти германскиот центар за истражување и...

Се огласи Вучиќ за ваkцините кои ни ги даваат: Што би вредело ако ние сме здрави, а тие болни

Српскиот претседател Александар Вучиќ, утрово го коментираше давањето на вакцини на Македонија. На новинарско прашање зошто го сторил тоа, Вучиќ одговори „Што би вредело ако...

Порасна без родители, болеста го сруши: Тажниот живот на ѕвездата од Жиkина династија

Легендарниот актер Драгомир Бојаниќ Гидра најпознат по улогата на Жика Павловиќ од „Жикина Династија“, односно од филмскиот серијал „Луди Години“, има навистина интересна животна...
- Advertisement -