fbpx
10 C
Skopje

Тимотеј: Шилегов да не се меша во црковните работи

АКТУЕЛНО

На Петре Шилегов не му е јасно како е можно да има божиќен пост и да се слави Нова Година, со тоа вели се расипува празничната атмосфера.

Градскиот татко не отстапува од ставот дека големиот православен празник треба да се помести, тој е убеден и дека нема негативни реакции во јавноста и дека поголемиот дел од луѓето го делат неговото мислење.

„Знам дека 85 % од луѓето го мислат истото, мене ми е сеедно кога ќе се слави Божиќ, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има божиќен пост, а да се слави Нова година“, изјави Шилегов.

Алфа побара став за ова од МПЦ-ОА. Портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј нервозно му порача на градоначалникот да не се меша во црковните работи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -