fbpx
25.8 C
Skopje

„Титаник 2“ во 2018 со прва пловидба: Реплика на популарниот брод со неславен крај (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Титаник повторно ќе заплови по водите на Светското море. Новиот брод, копија на стариот, ќе биде четири метри поширок од оргиналната верзија, поради современите мерки за безбедност.

Титаник 2 е инвестиција на австралискиот милјардер Клаив Палмар и неговата компанија „Blue Star Line“. За разлика од стариот, новиот ќе има доволен број на спасувачки чамци и модерен систем за евакуација и навигација, т.е најновото во техниката.

Новиот брод ќе биде на 9 спрата, со 840 кабини за 2400 патници и 900 членови на екипажот. На бродот ќе има базен, турски бањи и фитнес сали. Должината ќе изнесува околу 270 метри, широк 53 метри и ќе тежи 40.000 тони. Тој исто како и својот претходник ќе нуди билети за прва, втора и трета класа.

Титаник 2, кој треба да биде поставен во вода во 2018 година, ќе заплови од Џиангсу (Источна Кина) кон Дубаи, а не како вистинскиот Титаник од Саутемптон до Њујорк.

Оргиналниот Титаник потона уште на својата прва пловидба во 1912 година, по удар во санта мраз. Во несреќата загинаа над 1500 патници и членови на екипажот. Се поставува прашањето колку ли луѓе ке имаат храброст да се качат на Титаник 2, земајќи ја во предвид фаталната слава на неговиот претходник?

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -