fbpx
0 C
Skopje

Тивкиот глас на ВМРОвецот

АКТУЕЛНО

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

Да, така е! Изгубивте од “нашите”! Ви пресуди гласот на тивкиот Вмровец на кој се сеќававте само пред избори. Да, токму оној, кој вашите дебело товени “анкетари” и “аналитичари” цинично го нарекуваа 5ти, 6ти ешалон. За разлика од вас, јас сум изненаден што не го “попивте” уште подраматично. Да не се лажеме, добро знаете дека покрај вашата официјална кампања, на терен се трчаше и една друга “алтернативна”, која што божем не ја перцепиравте и за која по обичај во вашиот добро познат проѕирен, провинциски манир го обвинувате дежурниот “буги мен” Сорос, па ЦИА, Масоните, УС-фондовите… Да само Вие не сте платеници! Вие сте, нели знаеме, “чесните патриоти”.

Навистина е чудесна таа неподнослива леснотија на вашето постоење. Рековте ќе сте правеле “длабинска”, анализа па си реков да ви помогнам, онака “ветерански”, што би се рекло pro bono. Јас точно хируршки прецизно знам зошто имавте 120 000 гласови помалку и над 60 000 неважечки ливчиња. Еве, во продолжение прочитајте кои се “нашите” што овој пат не го дадоа својот глас за вас:
– Оние што одбија бескрајно да одработуваат за “вашите бели дворови”;
– Оние кои на своја кожа ја почувствуваа “долгата рака” на Братучедот;
– Оние кои драконски ги глобевте кога со индигнација ги одбиваа вашите “непристојни предлози”;
– Оние кои ги тормозевте да бидат дел од мизерниот мизансцен на вашите мега митинзи;
– Оние кои се срамеа од вашите хистерични ексцеси во долгите “ноќи на ножеви”;
– Оние кои со “Чиста Македонија” не градеа “Заедничка Македонија”;
– Оние кои ги шокиравте кога со маски на главите “спонтано” упаднавте во Собранието;
– Оние кои знаат дека наместо христијанско милосрдие продавате паганштина и бласфемија;
– Оние кои ги згрозивте кога го лустриравте Славко Јаневски – авторот на првиот роман на македонски јазик;
– Оние кои длабоко ве презираа што се дрзнувавте да го нарекувате Блаже Конески “џуџето од Небрегово”;
– Оние кои овој пат цврсто решија да останат во папучи.

Доволно е? Дали ви требаат томови за конечно да разберете дека вашиот политички епитаф е одамна напишан?! Уште од “првата бомба”. Што треба да се случи, па да се соочите со вашата неизбежна политичка демисија?! Со вашето погубно политиканство ја сведовте партиската стратегија на комично броење “црни бумбари” на вашата “Ибица” телевизија.

Мислам дека анализава беше доволно “длабинска” па воопшто не мора да ја вознемирувате “класната” и да арчите дебели азна на вашите проверени “аналитичари” и “точни” анкети од вашите виртуелни институти. Немојте ни да се обидувате на квази конгреси да бирате ваши клонови од долгите низи на ваши довчерашни директорчиња и вечни партиски апаратчици. Топло ви препорачувам да се концентрирате на апологијата на Христо Атанасов и Неџби Хаса кои наскоро ќе пристигнат во земјава. Затоа не продавајте евтини приказни и треш популизам. Тој адут одамна го немате, ако некогаш и воопшто сте го имале. Вашите маски одамна паднаа, а вие сте прочитани, плитки псевдопатриоти и голи, банални политички позери. Миракули на грозомората, што би рекол Славко Јаневски…

Пишува: Горазд Чаповски

извор: Политика

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Со крстот в рака, фаќачот влезе во Охридското Езеро заедно со голем број верници

Крстот во населбата Варош се фрлаше во казан, а него го фати Никола Чорбе. Тој потоа со крстот во раката влезе во езеротo, а...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Штотуkу споделија медиумите: Најнова вест СИЛЕН земјотрес од 6,8 степени според Рихтер ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди провинцијата Сан Хуан во Аргентина, соопшти германскиот центар за истражување и...

Се огласи Вучиќ за ваkцините кои ни ги даваат: Што би вредело ако ние сме здрави, а тие болни

Српскиот претседател Александар Вучиќ, утрово го коментираше давањето на вакцини на Македонија. На новинарско прашање зошто го сторил тоа, Вучиќ одговори „Што би вредело ако...

Порасна без родители, болеста го сруши: Тажниот живот на ѕвездата од Жиkина династија

Легендарниот актер Драгомир Бојаниќ Гидра најпознат по улогата на Жика Павловиќ од „Жикина Династија“, односно од филмскиот серијал „Луди Години“, има навистина интересна животна...
- Advertisement -