fbpx
5 C
Skopje

Точаци, трамвај и турбофолк

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Кандидатите за градски татковци на Скопје ја баталија идејата за трамвај и се качија на точаци… Шилегов ја одигра улогата на кеј, а пак неколку дена порано Трајановски се качи на Водно. Откако (и) минатата зима Скопјани ја поминаа со рекордно покачување на штетните PM честички, кандидатот Петре и кандидатот Коце одлучија да „покажат“ малку еколошка свест. Дали им помина фората ќе видиме на 15 октомври. Инаку добро е што конечно после речиси цела деценија, идејата за трамвај во Скопје и не е толку „актуелна“. Костовски го вети за време на неговиот мандат (2005-2009), а сегашниот градоначалник Трајановски дури се пофали дека скоро се е готово да се започне со изградбата на првата трамвајска линија во Скопје од осамостојувањето. Трамвајот замина во неповрат како и еден куп други убави намери во 2015 г, кога Груевски најави дека наместо трамвај ќе бидат набавени електрични автобуси слични на трамвајот. Интересно ми е дали истата судбина ќе ја снајде и идејата за почисто и незагадено Скопје? Знаете како е кај нас, секое чудо е за три дена, а секој револт се пали и гаси од политичките централи.

Да не беа колегите од А1 On немаше да дознаеме дека 2 од 3 „трите грации“ на СЈО имаат солидни политички амбиции. Главната обвинителка Јанева сака да биде градоначалник на нејзиниот роден град Гевгелија, а пак нејзината помошничка Фетаи оди на макро ниво- таа скромно се најави како иден претседател на Р. Македонија. Како да ми е влезен некој во филм или грешам…? Ок е мили дами, станавте медиумски ѕвезди, одредени кругови ви се „тресат“, ама ајде малку посериозно. Вашата работа е да ги докажете тврдењата дека поранешната владејачка гарнитура е… а да злосторничко здружување. Бугарите на тоа му викаат „организиран криминал“, а во цел свет на организираниот криминал му викаат мафија. Па мили дами, ако сакате еден ден да ве споредат со обвинителот Џовани Фалконе (убиен од Сицилијанската мафија во 1992 поради својата работа против оваа криминална структура) симнете се малку од ѕвездите и почнете да си ја работите работата без вишок помпезност и патос во исказот (тоа посебно важи за обожувателката на Аца Лукас и идна македонска претседателка г-ѓата Фетаи).

Многу ми е мило што Чола му дал попуст на велешкиот градоначалник Чадиев. Според некои медиуми, југословенскиот фосил, настапувал за 45 илјади евра, ама во Велес на питијадата ќе пеел за 38 илјади евра. Сега тие 7 илјади евра можат да бидат искористени за нешто попаметно од тоа, кога немаш леб да си купуваш колачи. Колку радијатори за велешките училишта можат да се купат со попустот направен од Чолиќ? Тоа Велешани нека си го пресметнат, јас со математиката раскрстив уште од времето кога учевме за дробки (а тоа беше многу одамна). Силно се надевам дека после 15 октомври, трката „Кој градоначалник ќе донесе помумифицирана екс Ју ѕвезда или пак поголема турбофолк селендра“ ќе заврши. Се надевам, ама дали ќе ме огрее тоа сонце… кој знае?

Кумот и бабата на генералниот секретар на Владата на РМ, Рашковски, веќе не се во игра. Тештата поднесе оставка, а пак кумот го раскина договорот. Сега се е во ред. Секретарот не заборави да спомне дека фамозниот хонорар што ќе го зема како владин претставник во „Телеком“ (ќе) го донирал за хуманитарни цели. Гледате како се средуваат работите, а за време Грујо никој нит се повлекуваше, нит даруваше нешто… За да биде детергентот за перење имиџ појак денеска се појави информација дека Рашковски му ја скратил апанажата на поранешниот заменик премиер Пешевски, оти последниот многу трошел на  службен телефон. Јака популистичка финта. Рајата ја мрази апанажата се додека не се допре до неа, Драги го знае тоа и мавна право во целта. Го удри Пешевски по џебот и тоа во парите кои му доаѓаат на готово. Милина. Пролетерска, робинхудовска милина со цел перење образ. Типичен комунистички потег.

Пишува: Батко Тане

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

КАРЛЕУШA ЕМOTИВНА: Плачеше на сред емисија, па ја откри ВИСТИНАTA ЗА СKАНДАЛOТ од пред две години покажувајќи ги фотографиите (ФОТО)

Познатата пејачка Јелена Карлеуша ја отвори душата во шоуто „Шок поток“, при што во еден момент плачеше и бараше реклами. Овој пат, пејачката беше...

Арсовски за градоначалникот: Он не може ГОЛФ 2-ка да поправи за 100 евра, голф терени ќе правел

Ќе правел голф терени од 2.5 милиона евра во Лисиче кај нас. Он од што е неспособен не може да поправи Голф 2ка...

Хит видео Погледнете што и прави познатиот битолчанец Ритко на мажена Бугарка

ХИТ ВИДЕО: Погледнете што и прави познатиот битолчанец Ритко на мажена Бугарка Едно време Омегле беше популарна платформа каде што можеа да се спојат сосема...

Филипче донесе одлука: Благодарам на поkаната, ние тука ќе ги вакцинираме сите наши граѓани

Прочитај повеќе во продолжение Здравствените работници од ковид центрите нема да одат да примат вакцина во Србија по вчерашната јавна покана од срспката премиерка. Венко...

Германски инфектолог откри до кога очекува да трае коронавирусот

Водечкиот германски вирусолог Кристијан Дростен, за разлика од многумина, очекува епидемиолошката состојба да се подобри дури наесен. Во интервју за германскиот магазин „Шпигел“, Дростен рече...
- Advertisement -