fbpx
19 C
Skopje

Тодоров: Вакцините се безбедни и одобрени од Светската здравствена организација

АКТУЕЛНО

Министерот за здравство Никола Тодоров, на одбележувањето на Европската недела на имунизација, изјави дека со воведувањето на поливалентните вакцини се направил сериозен позитивен исчекор во имунизацијата во Република Македонија.

Тој вели дека е горд што веќе по 80.000 дози од петвалентните и шествалентните вакцини се искористени.

„Станува збор за безбедни и прочистени вакцини, од кои што несаканите реакции се многу мали. Очекувам вакцинацијата да продолжи со одлично темпо и во наредниот период, имајќи предвид дека Македонија е една од земјите со највисок опфат на вакцинација и со тоа треба да сме горди и не треба да дозволиме да се намали“, изјави Тодоров.

Тодоров потенцира дека сите вакцини кои се увезуваат во Македонија задолжително мора да се во календарот и да се одобрени од Светската здравствена организација.

„Никогаш не се случило Македонија да увезе или стави во промет вакцина, која не е на листата на СЗО, односно ги поминала сите ригорозни контроли и е одобрена за користење. Претежно станува збор за вакцини од земји членки на Европската унија“, нагласи Тодоров.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -