2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Тодоров: Заедно со претходната набавка, струмичката болница подновена со опрема од околу 4 милиони евра

Министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција информираше дека Министерството за здравство започна постапка за јавна набавка на нова опрема за Општата болница во Струмица во вкупна вредност од 150 милиони денари, односно над 2.4 милиони евра.

„Станува збор за набавка на нова најсовремена медицинска опрема, како и медицински и немедицински инвентар за установата, односно над 440 парчиња опрема. Со тоа продолжува реализацијата на големиот инвестициски циклус во нова медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата во вкупна вредност од 33 милиони евра.

За струмичката болница и досега се набавуваше нова опрема во вкупна вредност од над 80 милиони денари или 1,5 милион евра. Со набавката на новата опрема од 2,4 милиони евра таа ќе биде околу 4 милиони евра. Покрај во нова опрема, во болницата интензиво се работи на комплетна реконструкција во вредност од 4.2 милиони евра или 257 милиони денари, со што целата инвестиција во оваа болница ќе надмине 8 милиони евра“, рече Тодоров.

Тој нагласи дека паралелно се вложува и во зајакнување на кадарот во Општата болница во Струмица, која, според него, е еден од стожерите на здравството во југоисточниот регион на државата и покрива територија во која живеат над 230.000 жители.

„Со проектот за едукација на медицинскиот кадар во странство, досега се испратени 35 доктори специјалисти и 26 лица од средномедицински персонал на едукации, што значи дека повеќе од 60 лица веќе биле во едукација во реномирани медицински центри во Италија, Словенија, Турција, Србија, Бугарија и други земји“, рече Тодоров.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави