12 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тотал ТВ дел од United Group донира 100.000 долари за борба против корона вирусот

Компанијата United Group одлучи да помага во државите во регионот со 3 милиона долари заради кризата со корона вирусот. За Македонија се наменети 100.000 долари.

-United Group, која работи во седум држави во регионот, во духот на солидарноста за борба со вирусот COVID 19, ќе донира медицинска опрема и пари во вкупна вредност од 3 милиона долари. За Северна Македонија е обезбедена парична помош од 100.000 долари, стои во соопштението.

Во деновите кога на сите им е потребна храброст и поддршка, United Group сака да помогне што побрзо сите заедно да ја пребродиме една од најголемите светска здравствена криза и да ја олесни работата на медицинските работници, а на граѓаните да им овозможи дополнителна сигурност.

Во рамките на United Grоup во Северна Македонија работат Тотал ТВ, United Media со телевизиските канали Sport Klub, N1, Nova, Grand, Pikaboo, Vavoom, Cinemania, Lov i ribolov, iDJ, Brainz и продажната агенција Direct Media, се додава во соопштението, објаснувајќи дека:

-Заради епидемијата која го услови останувањето на граѓаните дома, United Grоup веќе ги отклучи сите ТВ канали на своите платформи во целиот регион, за кои што доби дозвола, уверена дека е важно сите да бидеме солидарни и дека е битна секоја поддршка на граѓаните во целиот регион.

United Grоup е водечки провајдер на телекомуникациски и медиумски услуги во Југоисточна Европа. Како дел од водечката меѓународна инвестициска компанија BC Partners, работи во Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.