fbpx
2 C
Skopje

Трајковски: Во тек е изработка на два системи за дезинфекција на возилата кои ќе се постават на двата влеза во Делчево

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Градскиот пазар останува затворен, а во Делчево ќе се постават два пункта за дезинфекција на возилата за влез во градот. Ова се дел од заклучоците кои се донесоа на редовниот состанок на Општинскиот кризен штаб во Делчево кој беше свикан на иницијатива на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, а на кој учествуваа сите надлежни институции од градот вклучени во борбата со заразата од Ковид-19.

На состанокот беа споделени информациите за активностите на институциите кои се преземаат за спречување на појавата и евентуалното ширење на болеста предизвикана од коронавирусот.

Според информацијата од Центарот за јавно здравје, ПЕ Делчево, на територијата на Делчево, досега за коронавирусот се тестирани 6 лица и сите тестови се негативни, а уште 5 лица се во самоизолација.

Во периодот од 13.март до денеска во самоизолација во Делчево биле 720 лица, а 5 лица се во државен карантин. ПС Делчево поднела 16 кривични пријави од кои 5 се за кривично дело за непочитување на мерката за самоизолација, додека 11 лица го прекршиле полицискиот час.

Во Здравствениот дом Делчево екипираноста со кадар ги задоволува потребите, а во моментов се уредува простор за отворање пункт за земање брисеви за тестирање од коронавирус.

Градоначалникот Трајковски потенцираше дека освен мерките за дезинфекција на сите јавни објекти, урбаната опрема, јавните површини и улиците во градот и селските средини кои се вршат во континуитет, во тек е изработка на два системи за дезинфекција на возилата кои ќе се постават на двата влеза во Делчево.

Исто така, Трајковски информираше и дека од старана на два мобилни тима од Општина Делчево досега се дистрибуирани се 4.700 заштитни маски за повеќекратна употреба, 150 антибактериски гелови за раце, 500 пара заштини ракавици за еднократна употреба, за вработените во сите инстутуции на локално ниво, воспитно-образовните институции, банки, пошта, бензиски пумпи, маркети, мали продавници во градот и населените места, нотарските канцелараии, ординациите на матичните лекари, ОО Црвен Крст и сл. Трајковски истакна и дека Општина Делчево обезбеди и 15 скафандери за еднократна употреба;

Во тек е хуманитарна акција за собирање донации за подготовка на социјални пакети, а на барање на наши иселеници е отворена девизна донаторска сметка, додека денарската е во постапка на отворање.

Инаку, како препораки за идни активности во насока на превенција од појавата и евентуалното ширење на коронавирусот на територијата на Општина Делчево, на Состанокот беа донесени следните заклучоците:

1. Поставување на инсталации за дезинфекција на возилата кои влегуваат во Делчево;

2. Градскиот зелен пазар останува и понатаму затворен, односно продолжува да важи заклучокот донесен на Регионалниот кризен штаб;

3. Да се ажурираат списоците со лицата ангажирани во Просторните сили на Општина Делчево и од страна на ТППЕ да се одржува обука со цел да се подготват за вклучување во справување со појава на пожари;

4. Да се преземат мерки за информирање на граѓаните од страна на Државниот инспекторат за земјоделие, ПЕ Делчево за забраната на палење стрништа, како превентива од појава на пожари од поголеми размери.

Извор: Делчево365.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Три хороскопсkи знаци кои од 30 јануари до 20 февруари ги очекуваат предизвици

Веќе во првиот месец од 2021-та година се соочуваме со ретрограден Меркур кога од моќниот Меркур можеме да очекуваме предизвици на полето на комуникацијата,...

Испливaa тајни снимkи од болницата: Ова е голем сkандал, лекари со хармоника и оро кај луѓето со Kовид-19 во Хрватска

Медиумите во Хрватска објавија за сkандалозна видео снимkа во најголемата kовид болница во Хрватска Дури луѓето маka мачат некој си прави голема забава во koвид...

Професорkа сум по математика и се до ова утро имав совршен брак

Професорка сум по математика и се до ова утро имав совршен брак Професорка сум по математика, имам 44 години и се до утрово имав совршен...

Снимkата на ТиkТок собра над 5 милиони прегледи: Бабичката измеша ментол бомбони и Кока кола

Една баба се снимала како прави експеримент со Кока кола и ментол бомбони на Тик Ток, велејќи им на гледачите дека мора да види...

Алеkсандар Вучиќ оди чеkор напред: Најавува нешто што не постои во многу држави (фото)

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува во неговата објава на Инстаграм,...
- Advertisement -