27 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Богојески: Гоце Делчев е предмет на политичка злоупотреба на најгруб и највулгарен начин

Георги Гоце Делчев, апостол на македонското револуционерно дело, е предмет на политичка злоупотреба на најгруб и вулгарен начин во оваа нечесна изборна кампања 2020 година!...

Нова аудио бомба: Јанакиески и Николоски договараат сообраќајка на патот Охрид-Кичево

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ денеска е објавена аудио снимка од телефонски разговор помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и...

Царовска: Во мај и јуни поддржани над 5.000 занаетчии со мерката за субвенционирање на минимална плата

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска денеска се сретна со претставници на фризерските салони со кои разговараше за нивното работење за време на...

Љупчо Николовски: Од Делчево ќе ја пратиме пораката дека ставаме крај на сите остатоци на режимот

Големата победа на 15 јули на СДСМ и на коалицијата „Можеме“ ќе дојде и од Делчево и третата Изборна единица, од тука ќе ја...

Трамп 2.0 – крајот на една епоха и почетокот на една нова епоха

Историјата на САД знае само неколку примери кога актуелниот американски претседател, борејќи се за реизбор, ги губел изборите. Тоа е исклучок од правилото, и во најголем број случаи во текот на историјата актуелниот претседател го обезбедувал и својот втор мандат.
Доналд Трамп уверено чекори кон втор претседателски мандат во Белата Куќа. Тој ги исполни најголем дел од предизборните ветувања од 2016 година. Американската економија покажува одлични резултати и е во одлична кондиција, ги намали даноците за богатите американци, стапката на невработеност е на најниско ниво, Dow Jones индустрискиот индекс е на највисоко ниво.

Трамп не почна ниту една воена операција или војна, од некои крижни жаришта почна со повлекување на американските трупи, се воздржа од искушението да започне воена операција против Северна Кореја, Иран или Венецуела, ја започна изградбата на заштитниот зид на границата со Мексико, обезбеди потпишување на нови трговски договори со Кина и со НАФТА (северноамерикански договор за слободна трговија помеѓу САД, Канада и Мексико), и се спрема за потпишување на огромен трговски договор со Велика Британија после излегувањето на истата од ЕУ. На меѓународната сцена Трамп се чувствува уверено, и убиствата на лидерот на ИСИС Ал Багдади и на КСИР Сулејмани му го зголемија рејтингот на Трамп внатре во САД.

Обидите за импичмент против претседателот Трамп од страна на демократите завршија неславно во американскиот Сенат, и тоа уште повеќе ги сплоти републиканците околу претседателот Трамп. Трамп од обидот за импичмент излезе уште посилен. Нема никаков раскол внатре во републиканската партија, за разлика од демократите, каде што владее потполн хаос и тоа се виде уште на прелименарните избори внатре во демократската партија во Ајова и во Њу Хемпшир. Берни Сандерс победите на прелименарните избори во Њу Хемпшир, и најверојатно и во Ајова, каде што се прават обиди да му се одземе победата. Но Берни Сандерс е посакуваниот противник на Доналд Трамп, бидејќи му овозможува уверена победа.

Што ќе значи сè поверојатниот втор мандат на Трамп за Америка и остатокот од светот? Како прво, Трамп 2.0 е очигледен крај на старата американска елита. По изборите во 2016 година, сепак можеше да се тврди дека Трамп победи не само случајно, туку со уникатна комбинација на разни околности, и дека тој се покажа дека е „темниот коњ“ кој што никој не го сфакаше сериозно, и дека неговата победа ја промашија самоуверените политички величини од републиканската и демократската партија. Со други зборови, тие не успееја да ја предвидат казната на гласачите во САД, кои што гласаа против старите елити и естаблишмент.

Ако Трамп победи во 2020 година, не е можна понатамошна жалба од страна на неговите противници. Навистина, во име на соочување со „предизвикот Трамп“, стариот естаблишмент на САД спроведе вистинска тотална мобилизација, собирајќи ги под своето знаме сите кои можат да одговорат на повикот, почнувајќи од Сорос, Блумберг, разни холивудски звезди и вашингтонски бирократи, па се до разни либерални медиуми и највлијателните аналитички центри. И доколку таа широка политичка коалиција не успее да го сопре Трамп на претседателските избори во ноември 2020 година, тоа ќе биде целосен пораз за стариот естаблишмент и елита во САД.

Во ноември 2016 година стариот естаблишмент ја загуби битката, но тој ризикува на изборите во ноември 2020 година да ја загуби и војната. Трамп 2.0 е смртен удар за демократската партија на САД. Барем во форма во која партијата постои во последните неколку децении. И не само поради бројот на физиолошки причини, овие избори се последни за многумина демократски лидери, меѓу кои и Џо Бајден, Берни Сандерс и Елизабет Ворен. Но, исто така затоа што поразот во 2020 година ќе значи и конечен колапс на партиската идеологија на демократите, партиска стратегија, партиска организација и партиска кадровска политика, воспоставена за време на последните демократски претседатели Бил Клинтон и Барак Обама.

Трамп 2.0 е уште силен удар за либералниот светски поредок и уште еден шок за многу сојузници на САД, особено во Европа. За повеќето либерални западни лидери, единствената можна стратегија од победата на Трамп 2016 година беше смирено да го преживее мандатот на Трамп, како што Европа преживува студена и дождлива зима во пресрет на неизбежната пролет. Трамп 2.0, кој неодамна се чинеше невозможен, а сега е многу веројатен, значи дека долгоочекуваната пролет се одложува за уште четири години. И неизбежно, ужасно сомнение лази во главите на обесхрабрените сојузници: дали воопшто ќе дојде, оваа пролет во 2020 година? Кина и Русија веќе се адаптираат и се спремаат за новиот мандат на Трамп. И за Кина, и за Русија е полесно да водат преговори со силен претседател во Белата Куќа.

Трамп 2.0 – силен или слаб, агресивен или смирен, ќе има широк маневарски простор пред себе, и во секој случај ќе биде симболот на завршувањето на една стара епоха, и почетокот на една нова епоха, и за САД, но и за целиот свет.

Пишува: Дарко Тодоровски

Latest Posts

Богојески: Гоце Делчев е предмет на политичка злоупотреба на најгруб и највулгарен начин

Георги Гоце Делчев, апостол на македонското револуционерно дело, е предмет на политичка злоупотреба на најгруб и вулгарен начин во оваа нечесна изборна кампања 2020 година!...

Нова аудио бомба: Јанакиески и Николоски договараат сообраќајка на патот Охрид-Кичево

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ денеска е објавена аудио снимка од телефонски разговор помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и...

Царовска: Во мај и јуни поддржани над 5.000 занаетчии со мерката за субвенционирање на минимална плата

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска денеска се сретна со претставници на фризерските салони со кои разговараше за нивното работење за време на...

Љупчо Николовски: Од Делчево ќе ја пратиме пораката дека ставаме крај на сите остатоци на режимот

Големата победа на 15 јули на СДСМ и на коалицијата „Можеме“ ќе дојде и од Делчево и третата Изборна единица, од тука ќе ја...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.