fbpx
37.8 C
Skopje

Трамп е “психопат“

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска е наречен „психопат“ од неговите колеги од Северна Кореја.

Севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“ наведе во својот редакциски текст дека Трамп се наоѓа во „тешка ситуација“ дома, додавајќи дека тој игра со идејата за превентивни напади врз Северна Кореја, со цел да го одвлече вниманието од домашната политичка криза.

– Јужна Кореја мора да разбере дека следењето на психопатот Трамп може да доведе само до катастрофа – пишува весникот.

Претседателот на САД остро го критикуваше режимот на Северна Кореја, нарекувајќи го „брутален“, по смртта на 22-годишниот студент Ото Вормбир, кој е пуштен од земјата во коматозна состојба и почина во понеделникот. Вормбир во Северна Кореја беше осуден на 15 години тешка физичка работа бидејќи ујрал пропаганден постер. Тој поминал таму повеќе од 17 месеци, по што е пуштен од здравствени причини.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -