10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Трамп: Нападот на “Шанз-Елиза” ќе има голем ефект врз изборите во Франција

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека смртоносниот напад на парискиот булевар “Шанз-Елиза”, за кој “Исламска држава” ја презеде одговорноста, ќе има “голем ефект” врз претстојните претседателски избори во Франција.

„Уште еден терористички напад во Париз. Народот на Франција нема да толерира уште многу тоа. Ќе има голем ефект врз претседателските избори!“, Напиша Трамп на Twitter.

Доцна вчера напаѓач отвори оган кон полицајци на познатиот француски булевар. Сторителот е 39. годишниот француски државјанин Карим Шеурфи. Во неговото возило се откриени огнено и ладно оружје, а властите продолжуваат да трагаат по неговите соучесници.

Покрај телото на сторителот, кој беше убиен за време на нападот, беше откриена белешка во која тој ја изразува својата поддршка за „Исламска држава“.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави