fbpx
21.8 C
Skopje

Трамп побара од ОН построги санкции против Северна Кореја

АКТУЕЛНО

Советот за безбедност на ОН треба да е подготвен да воведе построги санкции против Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и ракетна програма. Ова денеска го изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека оваа ситуација е „неприфатлива“.

„Советот за безбедност на ОН треба да е подготвен да воведе дополнителни и построги санкции против севернокорејските нуклеарни и ракетни програми“, изјави шефот на државата пред постојаните претставници на земјите од Советот за безбедност во Белата куќа.

“Тоа е сериозна закана за светот”, рече тој и додаде дека “Северна Кореја е голем светски проблем кој треба конечно да го решиме”.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -